На мотор шоуто во Милано, EICMA 2014, глобално деби направи најбрзиот мотоцикл во светот – Kawasaki Ninja H2. Неговата максимална брзина изнесува 340 km/h.
Неверојатната машина во која има вселенски технологии и такви кои се користат во болидите од Formula 1, е првиот мотор во светот со компресорски турбо мотор, благодарение на кое успева да забрза од 0 до 100 km/h за 2,5 секунди, а максималната брзина (ограничена електронски) е 299 km/h. Тркачката верзија на Kawasaki Ninja H2, може да достигне до 340 km/h. Супер моторот Kawasaki Ninja H2 тежи пет пати помалку од бестселерот на Volkswagen, моделот на Golf GTI, на пример, и ќе се продава за околу 20.000 евра.
Најмоќниот „граѓански“ мотор во светот е „наполнет“ со електроника, за да може да се управува подеднакво спокојно при сув и влажен асфалт. Има посебен режим „контрола на истрелување“, кој обезбедува лесно управување со двете тркала. Интелигентните сопирачки се нудат како дел од стандардната опрема и се преземени директно од F1 и се поголеми од оние на еден компактен седан.
Моќноста на 4-цилиндерскиот Supercharged со зафатнина од 998 кубни сантиметри е 210 коњски сили. Максималниот вртежен момент на овој агрегат е 140 Nm при 10.000 вртежи. Тежината на мотоциклот е 238 килограми, а преносот преку 6-брзински менувач. Предните сопирачки се со 330 милиметарски дискови, а задните со 250 mm.