Дали Џејмс Бонд може да биде геј?

Даниел Крег излезе со изјава во која инсистира дека никогаш нема да има геј Џејмс Бонд – „бидејќи 007 не е геј“.

Актерот, кој ја репризира улогата на елегантниот британски таен агент во најновиот филм Skyfall, морал да одговори на коментарите откако хемијата помеѓу неговиот и ликот на Хавиер Бардем, Раул Силва, поттикнала шпекулации за сексуалноста на Бонд.

Во сцената Раул Силва ја гали ногата на Бонд додека тој е врзан за стол по што 007 става крај на интеракцијата со прашањето: „Зошто мислиш дека ова ми е прв пат?“ Но кога од него било побарано да објасни зошто не, 44 годишниот актер за E! Online изјавил: „Бидејќи не е геј. А мислам дека ни ликот на Хавиер не е – тој само не е пребирлив.“

Но колешката на Крег, Наоми Харис, која ја игра Бонд девојката Ив во новиот филм е поотворена на идејата за хомосексуален Бонд. Таа изјавила: „Мислам дека сè е можно. Којзнае?!“ А Наоми додала дека во иднина би било можно дури и жена да го игра Бонд – само под услов да не е таа.

„Но тоа дефинитивно не би можело да биде јас. Само малата улога што ја имав во Skyfall беше напорна. Не би можела да го направам ова. Но дефинитивно би можело да се случи.“ Овој коментар на Наоми се надоврза на нејзината претходна забелешка дека Идрис Елба би бил совршен за првиот црн Бонд.

Крег пак се надоврза со објаснување за тоа дека улогата му го променил животот во поглед на финансиска стабилност. За Hollywood Reporter, на чија насловна се актерите и режисерот на Skуfall, Крег изјавил: „Очигледно имам одлична финансиска стабилност, а тоа е прекрасно нешто; моето семејство е безбедно.“

Но Крег, кој е во брак со актерката Рејчел Вајс, додал дека воопшто не бил подготвен од нивото на популарност која доаѓа со ваква улога. „Многу е чудно – нема со што да се спореди вакво нешто. Зборував со Пирс Броснан, но ништо не може да ве подготви за ова. Го обожавам процесот на правење филмови. Но плаќате за тоа кога одите на кафе.“

- Реклама -