Џ. Р. Р. Толкин работел како таен владин агент

Повеќе... Авторот на трилогијата „Господарот на прстените“ бил таен агент на британската влада, покажаа неодамна откриените документи.


tolkien_1482719c.jpgАвторот на трилогијата „Господарот на прстените“ бил таен агент на британската влада, покажаа неодамна откриените документи.

Познатиот писател Џ. Р. Р. Толкин со неколкумина одбрани интелектуалци работел врз дешифрирањето на нацистичките шифри во центарот во Buckinghamshire. Тајниот тим познат и како „eнигматската машина“, одгатнувајќи ги шифрите помогнал и во пресретнувањето на германската морнарица и така ја спасил Британија од нацистичката закана.

18 месеци откако ја објавил својата прва книга „Хобит“ (1937) Толкин ја поминал обуката во тајната владина школа – Government Code and Cypher School. Иако му бил понуден траен ангажман, Толкин одбил да служи како таен агент и се вратил да работи како професор на Оксфорд, пишува Telegraph.

Џ. Р. Р. Толкин се здоби со слава со делото „Хобит“ и „Господар на прстените“, дела продадени во повеќе од 150 милиони примероци ширум светот. Почина на 2 септември 1973.

- Реклама -