Дваесетина општински пратеници во Москва и Санкт Петербург бараат оставка од Путин

Москва, 12 септември 2022 (МИА) – Општински претставници од 18 области во Москва и Санкт Петербург потпишаа јавна изјава во која бараат Владимир Путин да поднесе оставка.

„Ние, општинските претставници на Русија, веруваме дека постапките на претседателот Владимир Путин и штетат на иднината на Русија и нејзините граѓани. Бараме оставка од Владимир Путин од функцијата претседател на Руската Федерација“, се вели во соопштението.

Информацијата ја објави порталот инсајдер.ру, цитирајќи твит на општинска претставничка во Санкт Петербург, Ксенија Торстрем.

Според последните објави на Твитер на Торстрем, петицијата досега ја потпишале повеќе од 35 општински претставници.

Прочитајте и:  Џентилони: Г7 ќе има рамковен договор за заем од 50 милијарди долари за Украина до октомври
- Реклама -