Дурловски ја испеа химната, и тоа пред Влада (ВИДЕО)

Со изведба на македонската химна, „и инструментално и со текстот“ – што би рекол Пендаровски, оперскиот пејач Игор Дурловски го започна митингот на ВМРО-ДПМНЕ и кандидатката за претседател Гордана Силјановска-Давкова, во Скопје пред зградата на Владата.

Дурловски беше единствениот што одби амнестија, а доби ослободителна пресуда за упадот во Собранието од 27 април.

Симболиката е уште поголема, барем во очите на голем дел од противниците на владејачката коалиција, кога ќе се земе во предвид неинтонирањето на химната при дочекот на грчкиот премиер Алексис Ципрас, без оглед што од Владата демантираа дека се работи за некаква тенденциозност и официјалното образложение е дека почестите биле изоставени поради доцнењето на авионот на Ципрас.

Прочитајте и:  СДСМ: Наместо да и честитаат на Шекеринска, Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ избраа да бидат „мали“ во момент кога Македонија е голема

- Реклама -