Ги испофаливме, ги испофаливме, и сега – ладен туш.
Локалната полиција го затвори делот од улицата близу главната железничка станица, бидејќи еден дел одново почна да тоне и одново ја отвори дупката.
Претставникот на градската управа на Фукуока рече дека на местото каде што била дупката се појавило вдлабнување од седум сантиметри врз површина од 20 метри квадратни. Рече и дека официјалните градски лица знаеле, заради материјалот кој го користеле, дека ова може да се случи. Градоначалникот на Фукуока – Соичиро Такашима), истиот тој што рече дека поправениот дел сега е 30 пати побезбеден од претходно, сега им се извини на жителите, жалејќи што не ги предупредил на можноста за ново движење на тлото.
Ах животе, горчливо зрно сончоглед.