ДУИ добива и неколку клучни директорски позиции

Покрај министерските места, позицијата „прв вицепремиер“ и премиер во последните 100 дена од мандатот на оваа влада, ДУИ ќе добие и важни директорски позиции.

Кадри од Демократската унија за интеграција ќе директоруваат со МЕПСО, со Агенцијата за државни патишта, АЕК, МАНАВ, Малмед и Агенцијата за лекови, објави „Сител“.

Иако лидерот на партијата Али Ахмети не ги соопшти јавно, овие јавни претпријатија и агенции во неколку наврати се појавуваа на видео бимот за време на неговата прес-конференција.

Извори од партијата за „Сител“ потврдиле дека наведените директорски позиции се дел од договорот со СДСМ.

Прочитајте и:  ДУИ: Промената на балансерот да го одразува само резидентното население е јасен обид да се маргинализира албанската заедница
- Реклама -