ДУИ: Длабока загриженост за одлуката за двајца директори од македонската заедница во ФЗО, систематски обид за отстранување на Албанците

ДУИ изразува длабока загриженост во врска со неодамнешната одлука на Фондот за здравствено осигурување за назначување, по прв пат по многу години,

Овој акт претставува систематски обид за отстранување на Албанците од најчувствителните и витални институции на државата, создавајќи опасен преседан за нивно исклучување од процесите на донесување одлуки на државно ниво.

Оваа одлука е директна последица на влада со моноетнички легитимитет, каде што нелегетимни лица избрани од своите патрони ги претставуваат само своите лични и клановски интереси а никако интересите на албанците.

Таква влада, која не го рефлектира различноста и легитимитетот на нашите народи, следи опасен пат кој ги поткопува основните принципи на еднаквост и правда во нашата држава.

Прочитајте и:  Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се хистерични

Овој чин е во целосна спротивност со духот на Охридскиот договор и заштитните механизми за еднаква претставеност на сите етнички заедници. Ние веруваме дека отстранувањето на Албанците од клучните институции не е само неправда кон нашата заедница, туку и закана за стабилноста и меѓуетничката хармонија во Северна Македонија.

Оваа постапка не само што ги маргинализира Албанците, туку и ја оштетува демократската структура и социјалната кохезија на државата.

Јавните институции треба да бидат одраз на праведно и еднакво општество, каде што сите граѓани, без разлика на етничката припадност, имаат можност да придонесуваат и учествуваат на еднаков начин.

ДУИ

- Реклама -