ДУИ: Албанскиот јазик на полициските униформи – одраз на принципот на рамноправност

Усвојувањето на Уредбата од страна на Владата со која се официјализира употребата на албанскиот јазик во полициските униформи е од големо значење, порачаа од ДУИ. Со одлуката е исполнета уште една обврска која произлегува од Охридскиот Рамковен Договор и која е во согласност со Законот за употреба на албанскиот јазик донесен од страна на Собранието на Република Северна Македонија, велат од партијата.

Како што се наведува во соопштението, „оваа владина уредба е уште еден чекор кон исполнување на законската обврска, но и за зголемување на довербата меѓу полицијата и граѓаните, бидејќи оваа доверба ќе има уште поголемо влијание врз лојалноста на граѓаните и општествена кохезија и создавање и изградба на демократските институции во државата“.

Прочитајте и:  ВЛЕН: Се залагаме за целосно официјализирање на албанскиот јазик

„Демократската Унија за Интеграција констатира дека е успешно завршена уште една задача согласно Уставот и Законот, што е одраз на принципиелното спроведување на начелата на еднаквост како гаранција за напредокот на нашата земја за еднакво општество чија цел е интеграцијата на земјата во големото европско семејство“, додаваат од ДУИ.

- Реклама -