Дух снимен како поместува стол (видео)

духЛиса Менинг од Конвентри и нејзините деца, Ели и Џејдон, тврдат дека во нивниот дом имало низа необјаснети настани од моментот кога се вселиле пред шест месеци. Во ова кратко видео врата од плакар мистериозно се отвара по што розов стол полека се поместува, иако собата е навидум празна.

Госпоѓа Менинг го снимила ова видео откако поставила камери во целиот дом. Преплашената мајка вели дека предмети во домот константно се поместуваат и светлата постојано сами се вклучуваат и исклучуваат. Таа вели дека во една ситуација морала да бега од домот преку прозорец бидејќи вратите сами се заклучувале, и дека мисли дека дух го убил нејзиното куче.

{youtube}nFqpo0zcvow{/youtube}

Сега госпоѓа Менинг која сака да го замени овој социјален дом со друг се решила да ги снима сите соби. Таа вели дека медиум ја посетил куќата и рекол дека куќата е портал кој духовите го користат за влегување во овој свет. Од агенцијата која ги распределува социјалните станови велат дека ја советувале Лиса да поднесе барање за нов дом. [Video: Terrorised family capture ‘poltergeist’ on camera]

- Реклама -