Дуда: НАТО нема да ѝ го прави на Русија тоа што таа ѝ го прави на Украина

Земјите-членки на НАТО можат да ѝ гарантираат на Русија дека нема да биде третирана како што Москва се однесува кон Украина, изјави претседателот на Полска, Анджеј Дуда, денеска во Берлин.

„Она што ние, како чесни луѓе, политичари, членки на НАТО, можеме да ѝ го гарантираме на Русија е дека никој нема да ѝ го прави на Русија она што таа им го прави на соседите“, истакна Дуда.

Неговата изјава уследи по идејата на францускиот претседател Емануел Макрон, кој предложи безбедносни гаранции за Русија.

Дуда истакна дека Полска и Германија треба да побараат поголема помош од Европската Унија поради очекуваното зголемување на бројот на украински бегалци оваа зима.

Прочитајте и:  Белоусов: Украинската воена кампања за 2025 година пропадна

„Верувам дека треба да се обратиме до ЕУ, за да има финансиска поддршка за нашите земји, која ќе носи посебен товар поврзан со приемот на бегалци од Украина“, посочи Дуда.

МИА

- Реклама -