Светската престолнина на милијардерите – Дубаи (прочитајте зошто е прешкртано ТУКА), добива уште еден уникатен објект – првиот хотел со сопствена прашума.
Отварањето е планирано за годинава, а хотелот би требало да се протега на 185.800 квадратни метри.
Во својот склоп ќе вклучува и вештачка плажа, базен на 25-ти спрат со стаклено дно со поглед на улиците на градот, како и бројни други содржини осмислени за максимално уживање и разгалување на гостите.
Според нацрт-проектот, хотелот ќе го сочинува 47-спратна кула, а до неа ќе има и станбена зграда со иста висина со околу 280 станбени единици.
Од ~186-те илјади квадратни метри, околу 7.000 ќе бидат под импровиризирана дождовна шума. На врвот на зградата ќе има џунгла со водопади, потоци и сензорни системи за врнежи кои ќе создаваат атмосфера слична на таа во дождовните шуми.
Од помалку импресивните работи, гостите ќе можат и да куглаат, да скокаат во парк со трамболини, и да учествуваат во еден куп други забавни активности.