Дуангџај Самаксамам страда од многу чудна болест. Нејзините раце отекуваат до огромен размер и тежат по речиси 6.5 килограми!
Болеста е позната како макродистрофија липомастоза, состојба што се карактеризира со таложење на огромни количини масти во екстремитетите. Заради тоа, Дуангџај ги поминала првите 20 години од животот во осамеништво, се до моментот кога морала да најде работа за да ги издржува своите стари родители.
Докторите биле неуспешни во обидите да и помогнат. Најголем дел од нив се согласуваат дека единствено решение е да и ги ампутираат рацете, за да може слободно да се движи наоколу. Дуангџај засега одбива да го направи тоа и се надева дека во иднина докторите ќе најдат подобро решение.