Дрезден – домот на најголемото богатство во Европа

Четвртиот по големина урбан центар во Германија, Дрезден, изобилува со споменици на културата, кои би требало да се најдат на списокот за посета на секој авантурист и патник.

Но, можеби најважен од сите е Зелениот трезор, кој се наоѓа во Резиденцијалната палата. Таму може да се најде најголемото богатство на стариот континент.

drezden

Резиденцијалната палата во Дрезден, позната и како Замокот Дрезден, речиси 400 години била седиште на владетелите и кралевите на Саксонија. Оваа импресивна градба е позната по тоа што во неа се вклопени, на крајно необичен начин, повеќе архитектонски стилови, почнувајќи од барок, па сѐ до нео-ренесанса.

drezden2

Овој замок првпат бил подигнат околу 1200-та година, во форма на средновековно утврдување. Дури кон средината на 15-ти век започнале интервенциите и доградбите. Како што одминувале годините, грандиозниот објект полека го добивал својот денешен изглед, кој претставува мешавина од повеќе архитектонски стилови. Во текот на Првата светска војна замокот претрпел големи оштетувања, а сѐ до 1960 година немало позначајни обиди да се изврши реставрација. Оттогаш започнува комплетната реставрација, која е планирано да заврши во 2013 година.

Dresden Germany

Денес, Резиденцијалната палата во Дрезден е дом на неколку музеи: Нумизматичката соба, Колекцијата на печатени материјали, цртежи и фотографии, Турската соба, Уметничката библиотека (заедно со менаџментот на државната колекција на уметност на Дрезден), но можеби најважен и најпрочуен дел од историските поставки е Зелениот трезор.

Прочитајте и:  Лавров: САД ја подготвуваат Европа за директен конфликт со Русија

27HOURS_SPAN-articleLarge

Зелениот трезор претставува уникатен историски музеј во кој се собрани најголемите богатства во Европа. Во него се собрани експонати од непроценлива вредност, од цела Европа, а и пошироко, кои датираат од Барок до Класицизам. Трезорот е именуван според зелените столбови во првите неколку соби кои биле користени како дел од изложбата. Го основал Август II Силниот, владетел на Саксонија, во 1723 година.

dresden

Денес, импресивниот Зелен трезор е поделен на два дела: историски и нов. Во историскиот дел е прикажана реконструираната верзија, онака како што била поставена пред речиси 3 века, а во новиот се изложени индивидуалните експонати кои подоцна биле додадени во колекцијата, во посебни соби.

Кога ќе го посетите замокот во Дрезден, побарајте го најголемото богатство во Европа на првиот и вториот кат од западното крило.

Текстот е објавен во соработка со Iguana.mk

- Реклама -