Драчевец фатил на спортска и станал милионер, два од головите – во ’94-та минута

Добивка од 1 милион денари остварил жител од скопско Драчево откако уплатил 3.400 денари на тикет со 11 фудбалски парови во локалната спортска обложувалница „Sport Life“.

До извонредната сума прогнозерот стигнал преку неколку помали и поголеми тaxикapдии, особено на два од натпреварите, на кои неопходните голови паднаа дури во продолжението во 94-та минута.

На мечот Салцбург – Рапид Виена, на пример, драчевецот типувал на победа на домаќинот, но притоа и гостите да постигнат гол. Во 87-ма минута, сепак, Рапид постигнува и втор гол, за израмнување на 2-2. Молитвите на драчевецот се исполнија кога во ’94-тата минута Јунузовиќ постигна гол за 3-2. Слична драма прогнозерот доживувал и на мечот меѓу Нирнберг и Јан Регензбург, каде гостите со гол во истата таа минута, со голот на Шнајдер, се спасија од пораз. За останатите драми и перипетии, погледнете го ливчето, ТУКА.

 

- Реклама -