Дотерување за Renault Latitude

Пред околу три години за прв пат Renault Latitude, сегашниот предводник на француската марка, помина низ својот прв феислифтинг.

Реновираната опција ќе биде откриена пред публика за време на салонот во Франкфурт. Благодарение на официјалните фотографии кој се појавија на интернет, можеме уште сега да видиме што ќе се промени.

Главните разлики се наоѓаат во предниот дел, кој сега е поизразен и помасивен. Сосем нови се фаровите со LED светла и маската на ладилникот, како и калниците. Одзади промените има во светлата со LED технологија, со сосема различен дизајн, кој сепак ја задржуваат познатата форма. Обновена е и палетата на бои и фелни. Фотографии за енетериерот нема, но сериозни промени таму и не се очекуваат. Шпекулациите посочуваат дека ќе бидат предложени нови тапацири, нови декоративни елементи и неколку опции.

Под капакот на Renault Latitude ќе продолжат да се нудат познатите дизел мотори – 2.0 литарски dCi со моќност од 150 или 175 КЅ и 3.0 dCi V6 со 240 КЅ. Се очекува да биде воведен и 1.6-литарски бензински мотор, со 180 или 200 КЅ. Тој веќе се нуди кај Clio RS, како и кај корејската верзија на автомобилот, Renault-Samsung SM5.

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус

- Реклама -