Range Rover Evoque помина низ првиот фејслифтинг. Обновувањето доаѓа со неколку нови бои за каросеријата, четири нови модели алуминиумски фелни, изменети бои во внатрешноста, како и благи промени на маската и браниците.
Палетата на мотори останува непроменета, бензински и дизел агрегати со моќност од 150 до 240 коњски сили. Land Rover откри дека реновираниот Evoque ќе понуди 9-степен автоматски менувач. Трансмисија ZF ќе се нуди во еден бензински и двата дизелски модели, а од компанијата ветуваат преку неа да ја намалат потрошувачката на гориво за 11,4% и штетните гасови со 9,5%. Најекономичниот Evoque се задвижува од 2,2-литарски дизел агрегат со преден погон и моќност од 150 КЅ. Кај него потрошувачката на гориво е 4,9 l/100 km, а емисијата e до 129 g/km.
Освен новата трансмисија Land Rover нуди и опционален систем за погон на сите тркала Active Driveline. Тој овозможува да преминете од режим со преден погон во режим 4×4 при движење со брзина над 35 km/h. Oвoj систем вклучува заден електронски диференцијал, кој го распределува вртежниот момент меѓу задните тркала,a на тој начин ја подобрува стабилноста и тракцијата.
Освежениот Evoque нуди во стандардна опрема систем за сопирање Torque Vectoring, при што се регулира поделбата на вртежниот момент меѓу четирите тркала. Покрај тоа, обновениот кросовер вклучува сензор за водна линија, препознавање на сообраќајни знаци, систем следење на лентата за движење, и асистент за паркирање.
Evoque за моделска 2014 година ќе се продава во Велика Британија од последната четвртина на оваа година, а во остатокот на Европа ќе пристигне малку подоцна.
Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус