Домбровскис: ЕУ ќе остане со Украина и по победата над Русија

Европска Унија ќе продолжи да ја поддржува Украина до нејзината победа над Русија и ќе учествува во обновата и закрепнувањето на земјата, чие место е под покровителство на европскиот блок, изјави денеска потпретседателот на Европска комисија, Валдис Домбровскис, пред Европскиот парламент.

На пленарната седница на ЕП во Стразбур, еврокомесарот разговараше за Украина, за хуманитарните и еколошките последици од уништувањето на браната Нова Каховка и за одржливата реконструкција и интеграција на Украина во евроатлантската заедница.

Тој нагласи дека ЕУ ја поддржува украинската мировна формула за сеопфатен, праведен и траен мир кој ги почитува независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признаени граници.

„ЕУ ќе остане со Украина онолку долго колку што е потребно. Ова исто така повлекува значителна финансиска, трговска и хуманитарна помош. Главната политичка поддршка доаѓа од фактот што Украина доби статус на земја кандидат за членство во Унијата“, наведе Домбровскис, додавајќи дека веќе наесен сака да види преземени чекори во таа насока.

Прочитајте и:  Борел: Не треба да се дозволи договор меѓу Вашингтон и Москва кој не ги зема предвид ставовите на Киев и ЕУ

За членството во НАТО, тој посочи дека ЕК не може да го коментира тоа бидејќи ЕУ нема влијание на тоа прашање.

МИА

- Реклама -