Долговечни литиум-јонски батерии?

батерииСекоја нова генерација на смартфони нуди повеќе мегапиксели, побрзи процесори, повеќе апликации – но истите разочарувачки батерии, без оглед на марката. Но тим научници од Училиштетот за Инженеринг и Применети Науки Мекормик очигледно имаат постигнато решение за еден од најголемите проблеми на модерниот електричен инженеринг – батерии кои функционираат.

Батериите на тимот, кои користат високо технолошка мешавина од листови јаглерод и силикон за подобрување на функционирањето на денешните литиум-јонски батерии, можат да содржат до 10 пати повеќе енергија и се полнат до десет пати побрзо. Технологијата би можела да биде употребена за да се осигура дека канцелариите нема повеќе да бидат исполнети со кабли и полначи за мобилни телефони – а дури би можело да овозможи создавање на вистински електрични суперавтомобили.
батерииОва не е само теорија: тимот мисли дека технологијата би можела да биде на пазарот за помалку од три години. Технологијата користи литиум-јонски батерии, стандардот за сегашните технолошки направи, како смартфони, но со нов тип на електрода. Батериите можат да складираат до десет пати повеќе електрицитет од стандардните литиум-јонски батерии – и исто така се полнат десет пати побрзо. Технологијата исто така би можела да овозможи електричните автомобили да станат практични – драстично да ги намали шансите истите да „умрат“ на сред патување.

Харолд Кунг, главниот автор на студијата објавена во Advanced Energy Materials изјавил: „Откривме начин да го продолжиме животот на нова литиум-јонска батерија за десет пати. Дури и по една година работење, батеријата е сè уште пет пати поефективна од литиум-јонските батерии кои се моментално достапни на пазарот.“ Развојот користи мешавина од листови од графин – филм од јаглерод и силикон со дебелина од само еден атом, со намерно создадени дефекти во графинот за да се дозволи јоните побрзо да се движат низ батеријата. [Finally, a smartphone battery that lasts more than a day? Scientists squeeze ten times more juice out of lithium cells]

- Реклама -