Доктор Оз: Три меѓународни тајни за слабеење

Во секојдневната исхрана вклучете кисел зеленчук  и житарици.  Не треба да се изгладнувате или да се исцрпувате со вежбање, за да дојдете до витка линија.Популарниот доктор откри во својата емисија три меѓународни „тајни“  кои осигуруваат слабеење. Ако ги вклучите во својата секојдневна исхрана, резултатот може да биде задоволувачки и да ви овозможи губење од осум килограми за 12 месеци.

Меѓународна тајна број 1: Унгарија

„ Процесот кој го користат за подготовка на зелечук е тајна која на Унгарците им помага да ослабат. Речиси и да нема калории во киселиот зеленчук, па затоа претставува идеална храна за многумина“, објаснува др. Оз. Од друга страна обрнете внимание на количината на сол и шеќер, кои ги содржи зеленчукот.

Меѓународна тајна бр. 2 Швајцарија

Тајната на витка половина во Швајцарија лежи во утринската порција мусли.

„ Постојано им препорачувам мусли на луѓето на кои им здодеала кашата за појадок. Овие житарици јадете ги со млеко или јогурт кој содржи малку масти ( 0,9 отсто масти), а можете да додадете и една рака свежо овошје и орреви.

Прочитајте и:  За да го намалите ризикот од деменција, ограничете ја консумацијата на еден вид пијалок

Меѓународна тајна бр. 3: Јужна Африка

„ Храната во Јужна Африка е премногу мултикултурна, но не е важно само она што жените од ова поднебје го јадат, туку и што пијат. А тоа е роибос чај“, вели Оз. За разлика од црниот чај, роибосот не содржи кофеин, што го прави прикладен за конзумирање во текот на целиот ден, а особено за оние кои патат од несоница, стрес и напнатост. Со оглед на тоа што е природен лек, не е потребен дополнително шеќер.

Обидете се да замените една шолја црно кафе со овој чај и можете да рачунате на 3,41 килограм помалку за една година. Некои го користат дури и за коктели.

- Реклама -