Добра вест за оние со бугарски пасоши: САД ќе ги укинуваат визите за Бугарија?

Би можел да ја посети Бугарија, а и САД ќе го разгледаат барањето за укинување на визите за бугарските државјани, најави американскиот претседател Доналд Трамп при гостувањето на бугарскиот премиер Бојко Борисов во Белата куќа.

Трамп ја пофали Бугарија дека купила американски авиони, а Бугарите дека се прекрасен народ со кого имаат одлични пријателски односи. Борисов се пофали дека издвоиле 3.9% од буџетот за НАТО (во кои спаѓаат и авионите), а Трамп, видно импресиониран од таквиот податок, му порача на Борисов истото тоа да ѝ го каже на Германија (согласно неговото инсистирање европските земји да одвојуваат повеќе за НАТО).

Борисов истакна дека е уверен дека ќе дојде до укинување на визите.

Прочитајте и:  Агелер: САД се посилни затоа што имаат сојузници, пријатели и партнери како Северна Македонија

„Убеден сум дека американските визи за бугарите ќе бидат отстранети. Укинувањето на визниот режим со Канада е сјаен пример дека Бугарија не создава никакви проблеми. Со тоа претседателот Трамп би можел да остане во срцата на Бугарите многу долго време“, порача Борисов.

- Реклама -