Следната година доаѓа Golf VII караван

Карванската верзија на новата генерација на Volkswagen Golf ќе излезе на пазарот во октомври 2013 година. Според информации на англиските и германските изданија, кои успеаја да го „фатат“ прототипот за време на тестовите, моделот ќе се вика Golf Estate и ќе има багажник со волумен од 505 литри.

Номиналната верзија на Golf VII, која излезе на пазарот во почетокот на ноември оваа година, располага со 380 литри багажен простор.

Возилото ќе се нуди со истата линија мотори, на кои се потпира и хечбекот. Тоа значи дека клиентот ќе може да избира меѓу седум бензински и дизелски агрегати. Бензинските мотори се три, со зафатнина 1,2 литри (105 КС), 1,4 (122 КС) и 1,4 (140 КС).

Што се однесува до дизелските, тие се од семејството TDI со 90, 110, 150 и 180 КС. Се тврди дека ќе има и помоќна верзија, но засега тоа се само гласини. Оваа модификација ќе добие и ознаката R во своето име и ќе му конкурира на пазарот на Ford Focus ST Estate

Во најниско ниво на опременост клиентот ќе добие двозонска климатизација и колор дисплеј. Како опција, за прв пат кај Golf, се нуди адаптивен круз-контрол, кој во верзијата со рачен менувач, работи при брзина од 30 до 160 km/h. За моделот ќе биде достапен и автоматски менувач DSG, кој ќе се нуди и со економичната BlueMotion модификација.

- Реклама -