Дизелгејт: И Harley-Davidson лажеле за штетните емисии?

2816ca3d-cd20-478a-a324-0a3318933d94[1]

Министерството за правда на САД го обвини легендарниот производител на мотоцикли Harley-Davidson за производство на компоненти кои ги влошуваат еколошките карактеристики на моторите. Од компанијата не ја признаваат вината, но и покрај тоа се договорија со државата.

Досега љубителите на конспиративни теории тврдеа дека Американците намерно го „обвинија“ Volkswagen и ја измислија аферата Дизелгејт, за да им дадат предност на локалните производители. Активностите на Министерството за правда сепак ги побија овие тврдења. Од Министерството се категорични дека од 2008 година Harley-Davidson има продадено над 340.000 примероци од комплетот за подесување Screamin ‘Eagle, кој ја подобрува моќноста на моторите на мотоциклите, но истовремено се одразува негативно на еколошките карактеристики и тие веќе не одговараат на внесените стандарди.

Одговорот од Harley-Davidson е категоричен дека дополнителните компоненти се наменети исклучиво за тркачки мотоцикли, кои не можат да се користат на јавните патишта. А ако некој го користел пакетот Screamin ‘Eagle, кој не е наменет за мотоцикли надвор од патеката, тогаш компанијата производител нема да сноси одговорност за тоа. Сепак, од компанијата одлучиле дека нема да успеат да го добијат спорот со властите и се согласиле да ја платат паричната казна од 12 милиони долари. Уште 3 милиони долари ќе бидат потрошени за еколошки истражувања кои ќе ги финансира Harley-Davidson. Покрај тоа, компанијата е обврзана да ја запре продажбата на комплетот, како и да ги откупи веќе продадените компоненти на клиентите, и да ги уништи.

- Реклама -