Дискриминација е пратеници да не можат да имаат двојно државјанство, вели Груби

ВМРО-ДПМНЕ предложи, СДСМ прифати, но за ДУИ и првиот вицепремиер Артан Груби, предлог законот според кој пратеници смеат да имаат само македонско државјанство – е дискриминаторски и би паднал пред Уставен суд и затоа излишно е да се зборува на темата.

„Темата на двојно државјанство мислам дека е излишна затоа што тоа веќе го дозволува нашиот закон и не верувам дека може да има дискриминација по било каков основ, за било кој човек во нашата држава, било да е тој министер, пратеник или било кој друг граѓанин“, рече Груби.

Од пратеничката група на Алијанса на Албанците и Алтернатива, пак, велат дека предлогот ќе го разгледаат и анализираат и ќе одлучат дали ќе го поддржат, кога истиот ќе дојде на дневен ред. Сепак, од оваа коалиција посочуваат дека во моментов се во фаза на блокирање на Собранието (сѐ додека Законот за државјанство не се дебатира на комисија и не се усвои на пленарната седница) и дека ако измените бидат предложени наскоро (како што бараат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, за да важат веќе во овој пратенички мандат), ќе биде блокиран и тој закон.

Прочитајте и:  ВРЕДИ: ДУИ ги држеше Албанците како заложници со договори на дело, ние ќе ги решиме сите неправди кон нив
- Реклама -