СДСМ поддржува забрана за пратеници со двојно државјанство, но бара и оставка од Милошоски

„СДСМ поддржува пратеници да бидат лица кои имаат единствено македонско државјанство, но тоа да важи и за пратениците од актуелниот пратенички состав“, одговорија од владејачката партија, откако тоа денеска, по бурата што ја предизвика списокот со имиња на Каракачанов, го предложија прво Антонио Милошоски, а потоа и целата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Сепак, од СДСМ бараат и измена што ќе забрани, како што велат, лица како Милошоски да бидат пратеници. Од него, пак, побараа оставка.

„Исто така, предлагаме пратеници да не може да бидат лица кои се осудувани за кражби во други држави, како на пример лицето Антонио Милошоски, односно лица кои со своите незаконски дела го нарушуват имиџот на земјата.

Прочитајте и:  СДСМ: Две директорки осудени за лажни сертификати како на Христовски, Обвинителството мора да постапи

Сепак, поважно од сѐ, наместо да чека законски измени, пратеникот Антонио Милошоски, како осудено и казнето лице во Германија за кражба, за кого се водат предмети пред македонските судови, треба да си даде оставка“, порачаа од СДСМ.

- Реклама -