Тие што пробале болничка храна нема да бидат изненадени, но до неодамна, доктор Џек Китс – директор на болницата во Отава во Канада, не беше еден од нив. Сепак, откако примил поплаки од една колешка која лежела во болницата и која ја опишала храната како „ужасна“, Китс решил самостојно да истражи и една недела да јаде од болничката храна. Заклучокот? Дека промена на менито е повеќе од неопходна.
„Ви благодарам што го споделивте со мене ужасот кој го преживуваат нашите пациенти. Нашиот менаџмент јадеше од болничката храна и се уверивме дека се потребни промени во презентацијата (изгледот) и вкусот на оброците“, напиша директорот во одговорот што го испрати по „експериментот“.
Сега менито ќе биде освежено со сендвичи и модерна вкусна храна.