Димитров: Најмалку што ЕУ ни должи е да биде искрена

Пред нешто повеќе од еден час, бугарскиот премиер Бојко Борисов ги соопшти темите на кои ќе се зборува на денешниот состанок на Европскиот совет. Меѓу нив се европскиот буџет, приоритетите во следните 5 години и борбата против климатските промени. Меѓу нив Борисов не ја спомнува темата за европроширувањето, што значи дека и на минималните надежи веќе им доаѓа крајот.

Разочарувањето е големо, како кај премиерот Зоран Заев, така и кај министерот за надворешни работи Никола Димитров. Пред неполн час тој се огласи на Твитер, барајќи Европската унија да го направи барам она што минимум му го должи на регионот:

„Најмалку што ЕУ му должи на регионот е да биде искрена со нас. Ако веќе нема консензус за европската иднина на Западен Балкан, ако ветувањето од Солун 2003 не важи, граѓаните заслужуваат да знаат“, напиша Димитров, изразувајќи благодарност до сите лидери што упорно се бореле Европската унија да ги отвори преговорите со нас.

Прочитајте и:  Руте: Најдобро е земјите кои и обезбедуваат оружје на Украина да не и поставуваат ограничувања за тоа како да го користи

Со нивните заложби тие го потврдиле и го зацврстиле Преспанскиот договор, „охрабрувајќи ги домашните реформи и зацврстувајќи го европскиот наратив во Северна Македонија – земја кандидат веќе 14-та година“, порача Димитров.

„Додека чекаме обновување на консензусот, мораме да ги одбраниме вистинските европски вредности дома“, заклучува шефот на дипломатијата.

- Реклама -