Димитров ја спореди Русија со Бугарија: Сменете го Ленин со Тито и наместо Украина добивате Северна Македонија

„Овој наратив на ‘вештачки’ нации (хинт: не постои такво нешто како ‘природна нација’, сите се социјални конструкти) звучи познато до болка“, искоментира екс-министерот за надворешни работи Никола Димитров по вчерашното обраќање на рускиот претседател Владимир Путин, кој порача дека Украина е вештачка нација создадена од Русија.

Во таквите тези, Димитров гледа сличност со односот на Бугарија кон земјава, олицетворен, до скоро, без доза воздржување и во изјавите на највисокиот бугарски политички врв – дека македонската е вештачка нација создадена од Тито.

„Заменете го Ленин со Тито и наместо Украина ја добивате Северна Македонија. Во нашиот случај, сепак, нема оружје, само ѕвечкање со членство во ЕУ“, напиша Димитров.

Прочитајте и:  Лавров: Зеленски се исплаши од одговорот на Русија
- Реклама -