Вчеравечер во преполната сала на хотелот Александар Палас, стручното жири свечено ја додели плакетата Автомобил на годината за 2013.На наше големо задоволство оваа престижна титула ја понесе дијамантот на SEAT, новиот Leon. И со тоа стана двократен добитник на оваа награда.
Наградата беше врачена од страна на претседателот на жирито, Агрон Сулејман, а ја примија генералниот менаџер на КА-ДИС Зоран Калеников и регионалниот менаџер за продажба на SEAT S.A Гифре Пујол Солсона, кој со неколку реченици му се заблагодари на реномираното жири за врачената награда и довербата која му беше доделена на нашиот автомобил.
По врачувањето на наградата беше приредена ексклузивна промоција на новиот SEAT Leon, пропратена со спектакуларен настап на нашата позната естрадна ѕвезда Елена Ристевска која уште еднаш ги потврди своите квалитети со совршената изведба на светскиот хит од поп дивата Ријана “Diamonds”.
Промоцијата продолжи во прекрасен амбиент, пропратена со DJ, конги и саксафонист кои уште повеќе допринесоа да се почуствува идeјата позади новиот правец на SEAT – ENJOYNEERING што во слободен превод значи технологија за уживање.Вредно да се напомене, е дека меѓу присутните беа и долгогодишните пријатели на SEAT од светот на шоу бизнисот, естрадата, спортот како и претставниците одостанатите автомобилски импортери во државата.
Новиот SEAT Leon е конструиран на новата MQB платформа на Volkswagen групацијата, со поголемо меѓуосовинско растојание, овозможувајќи поголема пространост како во внатрешноста така и во багажниот простор, а воедно е пократок за 52 мм и полесен за 90 кг.Тој располага со START/STOP технологија која го прави високо економичен и со многу ниска емисија на CO2 гасови од само 99 грама што претставува импресивен податок за возило во оваа класа.Како победник меѓу своите браќа, тој доби максимални 5 звездички во EURONCAP тестовите освојувајќи високи 94% за безбедност на возрасни и 92% за безбедност на деца.Новиот Leon е прв во својата класа кој што вградува целосни LED светла,осветлувајќи ви го патот како да е ден.Тука се и новите системи за детекција на замор, Lane Assist кои ви даваат дополнителна сигурност при вашето патување. Системот EASSY CONNECT преку 5.8″екран чувствителен на допир ви овозможувапоголема забава и уживање при вашето патување.
Ова е трета генерација на Leon која го одбележува почетокот на новото поглавје за SEAT давајќи целосна смисла на слоганот ENJOYNEERING.Сето ова, е само еден доказ повеќе зошто Leon е најпродаваниот и најпосакуваниот автомобил од марката SEAT.Новиот Leon од неодамна е достапен во нашиот салон по цена од 13.970 евра за прв пат со четири годишна гаранција.