Дијамантите решение за „квантни компјутери“

Супер компјутер кој би го променил светот е на чекор поблиску до реалност откако научници откриле како да складираат повеќе меморија со помош на квантна физика. Два посебни тимови откриле дека квантни информации – наречени quibits – можат да бидат складирани со помош на дијамант или чист силикон.

Научниците се обидуваат да создадат квантен компјутер на кој би му биле потребни само неколку минути за комплексни калкулации за кои и на најможните суперкомпјутери би им биле потребни години. Тие би можеле да ги користат мистериозните особини на суб-атомските честички кои им овозможуваат да постојат на две места истовремено.

Многу мали квантни компјутери веќе постојат во контролирани лабораториски услови, но научниците немаат успеано да најдат начин да ги создадат во вистинска средина. Сега научниците ги надминуваат границите за складирање на информации во цврста форма, надвор од вакуум. Еден тим создал направа на ултра-чист силикон која може да складира податоци подолго од три минути под услов да има температура од -275 степени.

Другиот тим користел дијамант и успешно складирал информации 1,4 секунди на собна температура. „Ова е рекорд кај вакви системи“ изјавил Мајк Тевалт, физичар од Сајмон Фрејзер Универзитетот во Канада. Тој соработувал со колеги од Оксфорд и Берлин за силиконскиот систем. „Пред само неколу години ова беше невозможно. Може да се прават работи кои беа можни само во вакуум.“

Стандардните компјутери имаат меморија составена од битови, каде што секој бит може да постои само во една состојба, еден или нула. Во најновата студија научниците го искористиле вртењето на атмоите за складирање и трансфер на информации. [Scientists say dimonds could be tje secret to mind-bogglingly fast ‘quantum computers’]

- Реклама -