Диетата со лимон го отстранува уморот

За да ја вратите енергијата и да ги избегнете симптомите на пролетниот умор по повеќемесечен престој во затворени простории неопходно е да го прочистите телото од токсини и од тешка храна. Тоа може да го направите на сосема природен начин, со помош на диетата со лимон.

Чистењето трае само еден ден неделно, а подразбира поголем внес на сок од лимон, вода, овошје, јаткасти плодови, семки и зеленчук. Целта на диетата не е да ослабете, иако ќе изгубите барем еден килограм, туку да ги обезбедите за телото најдобрите хранливи материи и така во него да „вбризгате“ енергија.

Quick_Refreshing_Strawberry_Basil_Lemonade_Spring1

Се препорачува диетата да се држи сабота или недела затоа што мора да се посветите на подготвување оброци и да ги почитувате временските интервали меѓу оброците.

Основата на диетата е свежо подготвена лимонада. Исцедете еден лимон, додајте 300 мл вода, стапче цимет и прстофат чили или феферони во прав (ќе го загрее телото и ќе ја забрза елиминацијата на токсините). Лимонадата не ја конзумирајте ладна, затоа што ќе ве подуе. Првата чаша испијте ја наутро, штом се разбудите.

Кога станува збор за оброците, за појадок изедете 20 плодови шумско овошје, јаболко, крушка, шака бадеми и јогурт.

background

За време на првата ужина повторно испијте чаша лимонада, а по десет минути изедете банана и шака сончоглед или семки од тиква.

За ручек сварете зеленчук, зачинете со малку маслиново масло и лимонов сок, за втора ужина испијте ја третата чаша лимонада, а десет минути подоцна изедете краставица или зелена салата, шака лешници или суво овошје.

Последниот оброк би требало да се состои од риба на жар и сварен незачинет зеленчук. Тоа може да биде морков, спанаќ, брокули…

broccoli_carrots

Во случај да не сте љубител на рибата, наместо неа јадете соја.

На крајот на денот, два часа пред спиење, направете си купка за опуштање со етерични масла.

- Реклама -