Диета со туна: 1,5 килограм помалку за 3 дена

Оваа диета ќе ви помогне без напорно вежбање да изгубите 1,5 килограм за 3 дена. Звучи одлично, зар не?

Диетата со туна се држи три дена, а потоа четвртиот ден јадете нормално. За време на диетата секој ден порција туна е задолжителна. Во текот на оваа диета дозволено е да пиете чај, кафе и вода.

canned_tuna

Редовното консумирање туна има позитивен ефект на телото затоа што содржи витамин Д, омега 3 масни киселини и до 50% го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести, ја подобрува функцијата на мозокот и помага во намалување на тежината. Туната е богата и со фосфор. Содржи малку масти и речиси воопшто не е потребно да ја зачинувате, освен со неколку капки лимонов сок.

Прв ден

Појадок: 1 шолја црн чај или кафе, 1/2 цитрон или 1 чаша овошен сок, 1 двопек намачкан со путер од кикирики или сусам

Ручек: 100-150 грама туна во салата од рукола, краставица, чери домати и по желба една лажица наут, 1 шолја кафе или чај.

Вечера:100 грама варено говедско месо, 200 грама динстана боранија, 200 грама рендани моркови со неколку капки лимонов сок, 100 грама пудинг од ванила, 1 јаболко, 1 шолја кафе, чај или вода.

tuna salad 1Втор ден

Појадок:1 шолја црн чај или кафе, 1 варено јајце, 1 двопек, 1 банана

Ручек:200 грама туна, 5 крекери, 1 шолја кафе, чај или вода

Вечера: 200 грама печено пилешко, 100 грама варен морков, 200 г варена брокула, 1 банана, 100 грама пудинг од ванила, 1 шолја кафе или чај.

Трет ден

Појадок:1 шолја црн чај или кафе, 5 крекери, 30 грама сирење, 1 јаболко со средна големина

Ручек:1 варено јајце, 1 двопек, 1 шолја кафе, чај или вода

Вечера:200 грама туна, 100 грама варен морков, 100 грама варен карфиол, 1 круша со средна големина, 100 грама пудинг од ванила, 1 шолја кафе, чај или вода.

5922d72986a8a2fd3181aaf0426b2e5b_w693_h328

Напомена: Пилешкото и говедското може да ги замените со туна. Оброците распоредете ги на тој начин што вечерата ќе ви биде околу 18 часот, а потоа тоа до легнување не треба да јадете ништо. 30-минутна прошетка секој ден е задолжително.

- Реклама -