Џонсон: Путин би бил луд да употреби нуклеарно оружје во Украина

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон не смета дека рускиот претседател Владимир Путин ќе нареди употреба на тактичко нуклеарно оружје во Украина.

Во интервју за „Скај њуз“, коментирајќи ги сугестиите дека Путин би можел да нареди таков напад ако руските сили се принудени да се повлекуваат поради украинската контраофанзива и ја загубат претходно освоената територија, Џонсон оцени дека тоа би значело дека „Русија го напушта клубот на цивилизирани земји“.

„Мислам дека (Путин) нема да го направи тоа. Би бил луд да го направи тоа. Таков чин би значел дека Русија во истата секунда се повлекува од клубот цивилизирани земји. Тоа би била целосна катастрофа за Русија, чија економија веднаш потоа би била замрзната“, оцени Џонсон.

Прочитајте и:  Руте: Најдобро е земјите кои и обезбедуваат оружје на Украина да не и поставуваат ограничувања за тоа како да го користи

Извор: МИА

- Реклама -