Хрватскиот музичар Златан Стипишиќ Џибони за време на неодамнешната турнеја во Амстердам бил ограбен!
– Тоа беше за „добар ден“. Штом стигнавме во Амстердам, нè ограбија. Отидовме нешто да јадеме, а за тоа време ни го ограбија автомобилот иако насекаде низ Амстердам има поставено камери, рекол Џибони за хрватските медиуми.
– Крадците развиле своја техника; прво некаде крадат мотор, на глава ставаат заштитни кациги и потоа така маскирани крадат автомобили со странски регистарски таблички. Тие ни украдоа сè што нашле. Оставиле само една торба. Се надевам дека сега не дадов некоја идеја за бизнис, на крај се пошегувал познатиот пејач кој сепак има многу причини да се радува поради успешната турнеја во Европа каде пее на англиски јазик.