Џамбаски со ново видео: „Македонија е бугарска, факт кој Заев го заборава секогаш кога е во Скопје“

„Бугарија е бугарска. Тоа е факт кој нема потреба од докажување, а Заев го заборава секогаш кога е во Скопје, а на кој се потсетува секогаш кога му треба нешто од Софија“, порачува бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски во новото видео на ВМРО-БНД од кампањата за претстојните парламентарни (ре)избори во Бугарија.

„Бугарија отсекогаш ја сакала Македонија, но Бугарија не смее да биде уценувана! Пријателството се гради со доверба и доследност. На патот на Македонија не ѝ е пречка Бугарија и ветото, туку вистината“, порачува Џамбаски во видео спотот, кој е нешто поблага верзија од оној крајно скандалозниот во рамките на кампањата за неодамнешните парламентарни избори во Бугарија, во кој фалеше уште да ни објави војна, а кој ја натера дури и Владата да испрати нота, а Захариева да се огради од него.

- Реклама -