Нокулунга Бутелези, позната како девојката-змија, професионално се занимава со изведување циркуски точки и екстравагантни претстави во кои нејзината улога е извиткување на телото во неприродни човечки положби на кои публиката не може да остане рамнодушна.
Нокулунга Бутелези, позната како девојката-змија, професионално се занимава со изведување циркуски точки и екстравагантни претстави во кои нејзината улога е извиткување на телото во неприродни човечки положби на кои публиката не може да остане рамнодушна.
Повеќето жени не можат да зборуваат кога едната нога им е подигната на вратот, но Нокулунга може непрестајно да зборува додека го витка телото доведувајќи го во сосема неприродни човечки положби. Таа ретко прави грешки во текот на изведбите, но дури и кога тоа ќе се случи, никогаш не паѓа и не се повредува себеси. Единствено нешто што чувствува Лунга, како што е попозната меѓу луѓето, е студ додека го враќа телото во природна човечка положба.
Оваа девојка во моментов учествува во екстравагантната претстава Африка! Африка! која патува низ светот. Покрај неа, учество во претставата има и Макаја Димбелело од Ангола попознат како човекот-пајак. Тука е и Диксон Опонг од Гана, познат како водениот човек, кој може да испие 5 литри вода кои потоа ги исфрла во вид на фонтана. Но, 18 годишната Лунга е дефинитивна ѕвезда на шоуто.
Макаја Димбелело (човекот-пајак)
Диксон Опонг (водениот човек)
Раскажувајќи ја својата приказна таа открива дека уште како бебе ја имала оваа чудна способност. Спиела со нозете зад главата и рацете зад грбот. Мајка и мислела дека нешто не е во ред со неа. На возраст од 10 месеци почнала да ги изведува своите точки во дневната соба кои ги забележала нејзината баба која веројатно ја имала истата способност. Тајната на ваквата способност се змиските гени кои се карактеристични за ова семејство.
Уште кога одела во училиште, на одморите помеѓу часовите Лунга изведувала точки за останатите ученици, додека нејзиниот брат ги собирал парите. Кога потпораснала и нејзиниот талент бил забележан, се приклучила кон еден американски циркус, а пред две години станала дел од Африка! Африка! Сега таа користејќи го својот талент финансиски го издржува нејзиното семејство во Африка.
Наспроти нејзината чудна моќ, таа е многу самоуверена девојка. Вели дека сите и завидуваат и сакаат да го прават она што таа може. Сепак, понекогаш и недостига нормалниот живот кој никогаш не го имала.
Лунга има консултирано стручна медицинска помош, но резултатите од сите направени тестирања се дека е таа сосема здрава и нормална девојка која само е пофлексибилна од останатите. И покрај тоа што нејзината способност не бара премногу вежбање пред настапите, таа сепак мора да прави одредени жртви. Така на пример, мора да внимава на исхраната за да остане слаба, и тоа не заради тоа што дебелината би се одразила на нејзината флексибилност, туку бидејќи носењето костум припиен за телото не би делувало толку привлечно за публиката.
За крај, погледнете го нејзиниот настап
{youtube}5ZNWEXEka60{/youtube}