Детето до својата 10-та година, треба да научи дека…

Секој родител сака неговото дете да порасне во човек исполнет со вредности. Но што значи тоа? Да биде добар, воспитан, принципиелен, силен… Многумина се ограничуваат со овие концепти. Убаво е да се размислува што точно сакаме да постигнеме кај детето и на тој начин да се изгради своја „родителска програма“.

Да погледнеме што треба да научи детето до својата 10-та година од животот.

1. Да ги почитува другите

И мажите и жените. Директорката на училиштето и бездомникот кој го гледаш секое утро на метрото, заслужуваат почит.

2. Физичката активност е нешто убаво

Нормално е да се прават грешки. Знам дека често ти се прават палави нешта. Физичката активност и понекогаш активното држење се нешто сосема нормално. Но постојат граници – физичкото насилство не е нешто што е нормално. Важно е да се разбере каде е таа граница.

3. „Не” значи “не”. И точка.

Не е важно кој вели “Не” и во каков контекст.

4. Не ја криј чувствителноста

Ти доживуваш се премногу длабоко. Не му дозволувај светот да ти ги придушува чувствата. Можеш да бидеш силен и истовремено со тоа – чувствителен човек. Всушност богатата палета на чувства те прави посилен. Ова важи како за момчињата, така и за девојките.

5. Не можеш да направиш некој друг среќен – ниту мене, ниту татко ти, ниту сестра ти или брат ти

Никого. Тоа не е твоја обврска. Ти одговараш за себе и за својот однос кон околината, што, се разбира, може да влијае на нивното расположение. Но, не дозволувај никому да те држи одговорен за неговата среќа. Мене ме прави среќна свеста за тоа дека ти напредуваше, ги надминуваше тешкотиите, му се радуваш на животот и живееш свесно.

6. Обрнувај внимание на сопствениот живот

Кога обрнуваме внимание на сето она што се случува околу нас и во нашите животи, тогаш ние добиваме денови исполнети со живот и богати спомени.

7. Пронајди го она што страсно те интересира

Не сакам да слушнам од тебе дека ти е досадно. Никогаш. Околу тебе има многу интересни нешта кои можат да се истражуваат. Ќе го поддржувам секој твој занес, спорт, програмирање, латка – или сето тоа заедно. Но ти треба да го откриеш она на кое што сакаш да се посветиш.

8. Нема ништо полошо од расипан и неблагодарен човек

Јас не сум строга мајка и тешко ми е да те казнувам. Но, без капка жал ќе реагирам на неблагодарност.

9. Те сакам, независно од се

Грешките се дел од животот. За да научиме нешто, треба да го пуштиме минатото и да започнеме одново. Тебе те одгледува мајка која не се плаши да покажува од своите слаби црти, не се плаши да претрпи неуспех, да се извини и да почне одново. Секогаш ќе те сакам дури и ако не ми се допаѓа твоето однесување. Се надевам дека ќе учиш од грешките и ќе научиш да живееш пристојно.

- Реклама -