Детето што ja бранеше баба му од џандари (видео)

ssjdn25624-1024x538[1]

Детево стана хит на азискиот континент, а и пошироко, зашто е решено да ја брани баба му по секоја цена, и никој не може да го запре.

Овие во униформите, додуша, не се баш полиција. Ги викаат „ченгуан“, или во превод – нешто како урбан менаџмент. Нивната задача е да се расправаат со градските проблеми, како сообраќајот, уличните продавачи со тезги на црно и слични проблеми од таков несериозен калибар. Е, ама и покрај тоа, ченгуан ги следи лоша репутација дека се корумпирани, а и претерано брутални… како кога во 2011-та претепаа продавач на овошје со една нога – до смрт. Или кога во 2013-та претепаа продавач на бостан до смрт. Или кога во 2014-та претепаа 70-годишен човек, погодувате, пак до смрт. Е добро де, овој малку ги критикувал.

Фората е што малиов не знае ништо од тоа, зашто ги нема прочитано тие статии во медиумите. Тоа значи дека по интуиција сфаќа дека ченгуан се лошите момци, иако во случајов се прилично меки и само го снимаат и му се смеат на во фаца. Но тоа е неважно, дојдени се по баба му, а тоа значи војна:

- Реклама -