Демистифицирани митови за исхраната

foodБританските научници решија да демистифицираат одредени верувања во врска со човечкото тело и да докажат дека се работи за обични измислици кои немаат научна потврда. За почеток докажаа дека конзумирањето храна пред спиење не влијае врз дебелењето, а според нивните сознанија витаминот C не помага при настинка, после јадење може да се вежба, а дневно не е потребно да се испие два литри вода…


waterБританските научници решија да демистифицираат одредени верувања во врска со човечкото тело и да докажат дека се работи за обични измислици кои немаат научна потврда. За почеток докажаа дека конзумирањето храна пред спиење не влијае врз дебелењето, а според нивните сознанија витаминот C не помага при настинка, после јадење може да се вежба, а дневно не е потребно да се испие два литри вода…

Иако повеќето од нив не се опасни, митовите за исхраната постојат и толку се врежани што луѓето често според нив ги усогласуваат своите навики во исхраната. Како што се покажа, многу од нив се само митови, настанати од застарени верувања кои немаат никаква врска со тоа како функционира нашето тело.

Доцните оброци дебелеат
Општоприфатеното верување дека оброците пред спиење придонесуваат за наталожувањето на килограмите прво падна на тестот на вистината. Имено, единствено е важно дневното внесување на калориите да одговара на дневните потреби на телото. Кога ќе ги внесеме тие калории во организмот, нема никакаво значење.

После јадење нема вежбање
Додека вежбаме, на мускулите им е потребно повеќе крв за да се обезбедат со кислород и нутриенти. Сосем е прифатливо да се вежба после оброк, но сепак не многу интензивно за мускулите да не „повлечат“ премногу кислород бидејќи последиците можат да бидат грчеви во желудникот.

Кафето е диуретик

Кафето содржи кофеин кој има благо диуретско дејство ако не го конзумирате често. Доколку зачестено конзумирате чај, кафе или енергетски пијалоци, црниот дроб ќе се навикне да го процесира кофеинот, неутрализирајќи го овој ефект.

Витамин Це против настинка
Спротивно на верувањата, единствено е докажано дека додатоците од витаминот Це го намалуваат ризикот од инфекција кај оние со недостаток од тој витамин и кај оние кои се подложни на екстремни физички активности. За сите останати конзумирањето на витаминот Це како додаток се покажало потполно бесмислено.

Два литри вода дневно
Внесувањето течности зависи од потребите на телото и неговите дневни активности. Целиот вишок само ќе помине низ телото.

- Реклама -