Ако Дедо Мраз оваа Нова година ви изгледа малку послаб од обично, тогаш тоа веројатно се должи на зумба-фитнесот, кој моментно е најпопуларниот латино-американски танц во светот.
На годинашниот 55. Светски конгрес на Дедомразовци во Копенхаген, Данска посебен новитет беше зумба-танцот меѓу црвените дедовци кои се задолжени за новогодишните подароци. Вежбите со жешките латино-ритмови и со помош на хулахоп, со кои се практикува ова сензуално танцување беа највпечатливиот елемент во познатиот забавен парк „Бакен“.
Дедомразовците од целиот свет ја искористија традиционалната летна можност да се соберат во данската престолнина и да ја одржат својата четиридневна конференција, на која дискутираат за различни проблеми од својата „бранша“, притоа забавувајќи се со планираните слободни активности.
– Тоа беше едно искуство облеано со пот, а особено ако се земе предвид фактот дека носите облека тешка четири ипол килограми. Сепак, многу ми се допадна и мислам дека ќе почнам да танцувам зумба и во слободното време – вели Даглас Гогин, 57-годишен Дедо Мраз од Вашингтон, за Huffington Post.
Годинешната програма за Дедомразовци опфаќа и уште многу други вежби и натпреварувања, како што е традиционалната трка со пречки, во која тие мора да се спуштаат низ оџак и да се качуваат по заледена планина. [World Santa Claus Congress: Santas Sweat To Zumba Workouts At Annual Event]