Децата ги копираат своите родители зад воланот

Децата секогаш ги гледаат своите родители и се обидуваат да ги поддржуваат во сè. Ова правило важи и при управувањето со возила. До ваков заклучок стигнаа научниците од американскиот институт Liberty Mutual Insurance, кој направи истражување заедно со јавна студентска организација.

Мнозинството од анкетираните млади возачи, речиси 90%, признаваат дека виделе како нивните родители разговараат по телефон за време на возење, а 88% признаваат дека биле сведоци како мајките и татковците ја надминуваат дозволената брзина.

Дури 59% ги виделе нивните родители како праќаат SMS додека возат, а 47% признаваат дека пропуштаат да стават ремен. За случаи на возење под алкохол признале 20%, а за користење марихуана од страна на нивните родители, 7% од младите луѓе.

Учениците и студентите откриваат  кои се најчесто прекршоците кои тие ги прават кога се зад управувачот. Резултатите од нивните одговори речиси се во склад со оние на нивните родители. Дури 78% од младите пишуваат SMS зад воланот, а 16% возат автомобил, откако пушеле марихуана (по тој показател младите Американци ги наднинуваат мајките и татковците). Тинејџерите, сепак се повеќе строги при користењето на ременот, само 33% од нив го прескокнуваат.

Прочитајте и:  Истражување: Помалку шеќер во првите 1.000 дена од детскиот живот штити од дијабетес и висок крвен притисок подоцна

Истражувањето покажува дека децата сакаат да молчат, ако нивните родители ги кршат сообраќајните правила. Само 21% од нив се подготвени да го натераат пијан родител да го запре возилото. Интересно е што во 78% од ваквите случаи мајката или таткото се согласуваат со своето дете и не се решаваат да управуваат со возилото. Според научниците генерално 66% од родителите не ги следат упатствата за време на возењето, кои самите им ги дале на своите деца.

Објавено во соработка со Авто Плус.

- Реклама -