Наидовме на едно од најпознатите искрени женски писма кон општеството, што сме ги виделе во последно време. Замислете и не судете.
Дебела сум и не сакам да ослабам. Не дека не сакам, туку не ја гледам поентата. Јадам, кога ми е досадно, кога ме отфрлаат и кога уште со денови на никој не му текнува да ми се јави.
Изгледам ужасно, облеката не ми стои добро, гледам во огледалото и повторно – сакам само нешто слатко.
Среќна сум кога пуштам филм и јадам од омиленото чоколадо. Конзумирам едно на ден и потоа се чувствувам виновна.
Не можам да се навикнам на прекорувачките погледи, не знам што значи да се биде секси и сигурно никогаш нема да дознаам.
Само сакам да ви го споделам она што се наоѓа во оној кружен тек, од кој речиси нема излез .
Немам пријател со кој ќе се изнадрдорам -> немам мотивација да бидам во форма -> пробувам облека, не ми стои добро -> се лутам -> јадам нешто за да ми помине -> се чувствувам виновна -> плачам -> .. . но зошто да плачам, која е целта да изгледам добро кога и денес денот ми поминува пред телевизорот -> за што воопшто ми се потребни нови алишта.
Убава девојка сум, имам убави карактеристики, но немам мотивација да живеам убав живот. Храната ми дава кратокотрајна среќа, а солзите ме тераат да јадам. Не ми се допаѓа животот, но верувајте ми – промената НЕ зависи само од мене, туку и од луѓето околу мене.
Никој не ми подава рака за да излезам од мочуриштето во кое сум потонала. Не те обвинам тебе, секој си има свој живот, но не е важно дали ќе ја викнеш дебелата или слабата девојка на кафе. Викни ме мене – јас имам многу да ти кажам.
Сега идам по нешто слатко, не ме судете, јас едноставно потклекнувам, а вие едноставно не разбирате.
Прочитај повеќе: До дебелата девојка што утрово трчаше на стаза…