До дебелата девојка што утрово трчаше на стаза…

Еден статус на Фејсбук освои многу срца, а тешко дека и вие ќе останете имуни. Оди нешто вака:

 

„Ти, чии стапала едвај се одвојуваат од земјата додека трчаш…

Ти, која застануваш да се напиеш вода после секој круг, а веројатно би застанала и два пати, ако имаше чешма на двата краја на стазата…

Ти, која се давиш во пот после само 20 минути трчање…

Ти, чиј поглед се наведнува кон земјата секогаш кога поминуваме покрај тебе…

Има нешто што треба да го знаеш: ТИ СИ ЗАКОН!

Секој мал чекор што го правиш носи два пати поголем товар од мојот, што моли да остане на твоите коски. Со секој истрчан круг ти ја плаќаш цената на уште една полноќна ужинка, уште еден десерт, уште едно пиво… Надвор има 40 степени, но ти не дозволуваш тоа да те запре и да го расипе твојот план. Ова не ти е прв ден на стазата, а сигурно нема да ти биде ни последен. Си почнала патување кое ќе трае можеби цел живот, а тоа го направи порано од сите туѓи новогодишни резолуции и животни одлуки…

Трчаш без музика и само можам да замислам какви мисли ти поминуваат низ главата додека ја наговараш својата килажа да истрча уште еден круг: Ајде стапала! Нозе, молчете! Сало, одеби!

Кога само би го кренала погледот додека се разминуваме, би видела дека во него нема ни трошка презир и понижување. Во него ќе најдеш само почит. Го можеш ти ова“.

- Реклама -