Данска го откачи Микрософт Офис, прејде на ODF формат

СофтверПо парламентарна одлука, од април следната година данската државна комуникација ќе биде преку ODF форматот, наместо форматите за документи на Микрософт.

billgates_414810xПо парламентарна одлука, од април следната година данската државна комуникација ќе биде преку ODF форматот, наместо форматите за документи на Микрософт.

По четири години дискусија, парламентарните партии одлучија да користат Open Document Format во размената на сите документи помеѓу официјалните институции.

„Мојата амбиција е во иднина да комуницираме само со стандарди кои имаат отворен код“, изјавил во парламентот министерот за наука Хелге Сандер.

За почеток, одлуката за промена кон ODF ќе се одрази само на националните институции, по што ќе следат регионалните совети и дирекции.

Доколку сакате да инсталирате бесплатна апликација која ги поддржува отворените формати преземете го OpenOffice.org. [Danes ditch Microsoft, take ODF road]

- Реклама -