Без согласност, името на кошаркарот било дел од еднократна реклама за стек во списание.
За време на тужба за употреба на името на кошаркарската легенда Мајкл Џордан во реклама, неговиот адвокат Фредерик Спарлинг изјави во судот дека пазарната вредност на брендот Jordan, која е дел од фирмата за спортска опрема Nike, изнесува најмалку над 480 милиони долари.
Секое користење на името на Џордан за рекламна цел пак чини над 10 милиони долари, според адвокатот.
Цената на името на Џордан е во основата на одлуката што поротата мора да ја донесе, за тоа колку треба да плати локалот Dominick’s Finer Foods за реклама објавена во 2009 година во списание, каде што компанијата го користи името на славниот кошаркар. Рекламата исто така вклучувала купон со 2 долари попуст за нарачан стек во локалот. За време на тужбата Ести Портној, специјалист за маркетинг кој беше повикан како сведок од Џордан, опиша колку темелно кошаркарот го негува својот имиџ. Таа била шокирана кога ја видела рекламата на Dominick’s, која според неа е несоодветна, со оглед на тоа што името на Џордан е ставено во реклама за стек. Педесет и две годишниот Џордан исто така се очекува да сведочи.
За време на судењето Спарлинг покажа табела со имињата на компаниите чии што производи Џордан ги рекламира низ годините и колку заработил од секој рекламен договор. Според него Џордан заработил 480 милиони долари од Nike за периодот 2000-2012 година и 14 милиони долари од долната облека Hanes. Спарлинг исто така додава дека Џордан има заработено вкупно 100 милиони долари од името во 2014 година – деценија откако се откажа од спортот.
Интересно во случајот е тоа што рекламирањето на Dominick’s се покажува како неуспех. Од Dominick’s признаа дека немале дозвола од Џордан да го користат неговото име, па единственото што поротниците треба да го одлучат, е каква сума да се пресуди како надомест на Џордан.
Според адвокатот на Dominick’s, тимот на Џордан го преценува неговото име. Тоа може да чини 10 милиони долари во некои случаи, но не и кај еднократна реклама во списание.
Прочитај повеќе: Ѕирнете во куќата на Мајкл Џордан