Дали сте постојано уморни наутро? Еве која би можела да биде причината

Дали некогаш сте се разбудиле со чувство на умор и поспаност како воопшто да не сте спиеле? Многумина од нас мислат дека по осум часа сон ќе се разбудиме целосно освежени, но реалноста често не е таква.

Се чини како да има невидливи пречки меѓу нас и мирното утро. Според истражувањата на невронауката, постојат неколку главни причини зошто се чувствуваме поспани дури и по добар сон, а добрата вест е дека многу од овие причини се решливи.

1. Невробиолошка причина – аденозин и замор

Ако некогаш сте се разбудиле но сè уште сте поспани, можеби сте се запрашале зошто се случува ова. Според психологот Гери Л. Венк, причината лежи во невробиолошките процеси за време на РЕМ спиењето. Во РЕМ фазата, вашата мозочна активност е зголемена, а со тоа и потрошувачката на енергија (АТП молекули), која содржи аденозин. Високото ниво на аденозин, поврзано со потрошувачката на енергија за време на спиењето, може да предизвика утринска поспаност. Еден од најбрзите начини за борба против него? Кафе – може да ги блокира ефектите на аденозинот.

2. Дали спиете сами или со партнерот?

Истражувањата покажуваат дека квалитетот на сонот може да зависи од тоа дали личноста спие сам или со партнерот. За жените, присуството на маж во кревет може да го наруши квалитетот на сонот, додека мажите имаат тенденција да спијат подобро во друштво, дури и ако тоа е повремено нарушување. Кај жените квалитетот на сонот се подобрува само ако има сексуален контакт пред спиење, но и тогаш објективната рамнотежа на РЕМ и не-РЕМ спиењето може да се наруши.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

3. Легнување доцна

Многу луѓе си легнуваат предоцна затоа што едноставно им е полесно да заспијат подоцна отколку порано. Нашиот биолошки внатрешен часовник се стреми кон циклус од 25 часа, што го отежнува усогласувањето со 24-часовниот ден. Истражувањата покажуваат дека оние кои легнуваат доцна имаат поголема веројатност да страдаат од лош квалитет на спиење, анксиозност и проблеми со концентрацијата. Покрај тоа, истражувањето покажа дека доцното спиење може да биде поврзано со намалување на волуменот на хипокампусот, што може негативно да влијае на меморијата.

4. Празен стомак пред спиење

Понекогаш храната може да биде клучот за добар сон. Студијата сугерира дека јадењето нешто слатко пред спиење може да помогне да се поттикне поспаност бидејќи зголемениот шеќер во крвта ги активира невроните одговорни за чувството на поспаност. Таквите неврони директно реагираат на шеќерот, поради што можеби чувствуваме потреба да спиеме после обилен оброк.

Недостатокот на сон може да предизвика емоционална нестабилност и да ја намали способноста за концентрирање. Исто така, може да доведе до опасни ефекти како што се халуцинации и проблеми со донесувањето одлуки. Недостатокот на сон е поврзан со ризикот од автоимуни нарушувања, депресија, па дури и деменција, бидејќи спиењето игра важна улога во чистењето на мозокот од токсините кои се акумулираат со текот на годините.

- Реклама -