Дали сте богати или сиромашни?

Еден ден богатиот татко го однел својот син да ја помине ноќта со многу сиромашно семејство, со цел да му покаже како како живеат луѓето кои немаат многу пари за трошење. Кога се враќале дома, таткото го прашал синот како ја поминал ноќта, а тој му одговорил:

„Тоа беше многу убаво искуство, татко. Научив дека ние имаме едно куче, а тие имаат четири. Ние имаме многу убав базен, но тие имаат река. Ние имаме сончев покрив, а тие небо со ѕвездите и месечината, ние имаме голема тераса со прекрасна градина, а тие имаат шума“. Додека детето зборувало, таткото останал без здив. Тогаш детето рекло: „Ти благодарам што ми покажа колку сме сиромашни“.

Прочитајте и:  Три хороскопски знаци кои премалку се грижат за своето здравје

Кога го мериме тоа што го имаме, резултатот е наше видување за животот. Ако имаме љубов, пријатели, здравје, смисла за хумор и позитивно размислување, имаме се во животот. Замислете се на момент и пресудете дали сте богати или сиромашни.

- Реклама -