Дали е можно да бидете преплашени до смрт?

1233717819.jpg Човек беше обвинет за убиство од 1 степен на 79 годишна жена, за која полицијата вели дека била преплашена до смрт. 20 годишниот Larry Whitfield провалил во нејзината куќа криејќи се од полицијата, и таа кога го видела добила срцев удар, кој бил предизвикан од страв. Дали бегалецот може да се смета одговорен за смртта на жената, иако не ни ја допрел?

Човек
беше обвинет за убиство од 1 степен на 79 годишна жена, за која
полицијата вели дека била преплашена до смрт. 20 годишниот Larry
Whitfield провалил во нејзината куќа криејќи се од полицијата, и таа
кога го видела добила срцев удар, кој бил предизвикан од страв. Дали
бегалецот може да се смета одговорен за смртта на жената, иако не ни ја
допрел? 

 

scared-pic.jpg

 

Но, медицински гледано, дали некој всушност може да биде исплашен до смрт? Одговорот е: нема ни грам сомнеж во тоа.

Како ова се случува?

     Телото има природен систем за заштита. Ако во дивината  животно е соочено со живот или смрт ситуација, неуро системот реагира така што го зголемува пулсот на срцето, поголем доток на крв во мускулите, зголемување на зениците и побавно варење, меѓу другите работи. Сето ова помага да се победи во борба, или да се избега од неа. Сето ова е добро за животинскиот свет и бил добар кај примитивните луѓе, но дали е добар за денешниот модерен свет?

Како овој систем може да предизвика смрт?

     Неуросистемот користи хормонски адреналин, неуроемитувач, или еден вид хемиски праќач да праќа сигнали кон различни делови на телото за да го активира нашиот систем за заштита. Хемијата што се праќа е отровна во големи дози: ги оштетува внатрешните органи, како што се срцето, дробовите, џигерот и  бубрезите. Се верува дека секоја смрт која била одеднаш е предизвикана од срцето – нема ниту еден друг орган кој може да предизвика смрт толку брзо. Бубрезите, џигерот… – тие нема да ве убијат одеднаш.

Што се случува со срцето кога е „наполнето“ со премногу адреналин?
     Адреналинот од неуросистемот се „призејмува“ на рецепторите од ќелиите на срцевите мускули. Ова предизвикува каналите од калциум, кои се наоѓаат во мембраната на тие ќелии, да се отворат. Калциумот оди кон срцевите ќелии со голема брзина и тоа предизвикува згрчување на срцевиот мускул. Ако е голема доза на адреналин, мускулите ќе неможат да се релаксираат. Ако овој систем е наполнет со многу адреналин, срцето може да има абнормални ритми кои не се соодветни за живот. Ако еден од овие ритми е вклучен, ќе паднете мртов.
Значи: голема доза на страв – голема доза на неуросигнали. Голема доза на неуро сигнали – голема доза на адреналин. Голема доза на адреналин – абнормален ритам на срцето. Абнормален ритам на срцето – смрт.

Кои други емоцијални состојби можат да предизвикаат абнормален ритам на срцето?
     Секоја силна позитивна или негативна емоција, како на пример среќата или тагата. Има луѓе кои умреле од религиозни пасии. Има и еден пример со некој голфер, кој ја погодил дупката од прва, се свртел кон партнерот и му рекол: „Можам да умрам сега “ – и потоа паднал мртов. Истражувања во Германија покажале дека имало поголем број на срцеви удари тие денови кога Германија играла за Светското Првенство. И после седум дена после нападите на Светскиот Трговски Центар и Пентагон имало зголемување на срцеви удари кај Њујорчаните.
 

- Реклама -