Дали човек може да се исплаши до смрт? Да!

Повеќе...

Страшните и ужасните филмови кои го покачуваат нивото на адреналин и кои го забрзуваат пулсот и ги потат дланките не се толку застрашувачки колку забавни, затоа што кога филмот ќе заврши најнормално го напуштаме киното и смирено си одиме дома. Но, реалната животна опасност, како терористичките напади и природните катастрофи предизвикуваат далеку поголем стрес. 


strav.gif

Докторот Мартин Семјуелс од Медицинскиот факултет во Бостон кој е стручњак за откривање на причините за ненадејната смрт, дал одговор на прашањето "Дали човек може да се исплаши до смрт?" – Да! Тој ги проучувал случаевите на луѓето кои умреле под стресни околности и за тоа докторот тврди дека постојат неотповикливи докази дека човекот во извесни околности може да умре од страв. 
Всушност физичката реакција често предизвикана од "соочи се или бегај" е виновникот за последиците. Емоционалната, пак, реакција предизвикува цела низа процеси – нервните ќелии емитираат хемиски супстанции во крвотокот, зениците се шират, дишењето е забрзано, крвта дотекува во мускулите, а се зголемува нивото на енергија потребна за соочување или што побрзо бегање. За најголем број од луѓето синдромот "бегај или соочи се" трае многу кратко – супстанциите се враќаат назад во крвотокот, работата на срцето се враќа во нормала и ние се опуштаме – изјавил докторот за Гласот на Америка. 
Прочитајте и:  Повеќе од 10 часа седење и лежење може да го ослаби срцето
Но, ја немаат сите таа среќа. Без оглед дали станува збор за губење на саканата личност или закана од некоја непосредна опасност, докторот тврди дека постојат луѓе чие срце претрпува многу поголема штета. "Секој човек е потенцијално изложен на ваков ризик. Сите ние во себе носиме мала ‘бомба’. Кога ќе се најдеме во ситуација да стресот е доволно силен, кога ни нема излез, било кој од нас може да умри под таквите околности." 
И самите статистики говорат дека секоја година најмалку 12 милиони луѓе умираат од срцев или мозочен удар, а скоро половина од ненадејните смртни случаеви се предизвикани од инфаркти. Обично умираат во рок од еден час од појавата на првите симптоми. 
И додека повеќето истражувачи се фокусирани на она што е веќе познато за срцевите болести, изгледа дека постојат сѐ повеќе научници заинтересирани да ја пронајдат причината заради која луѓето умираат и без претходни симптоми на некоја болест. 
- Реклама -