Мета Часовникот бил дизајниран во обид за надминување на апатијата на корисниците во поглед на смарт часовници. Верзија која е компатибилна со Android е достапна скоро една година, но благодарејќи на Bluetooth апдејт часовникот е најпосле компатибилен и со iOS.
Не е изненадување дека технички проблеми кај iOS и хардверот на Apple го спречиле функционирањето на часовникот со направите од компанијата. Некомпатибилноста со постари Bluetooth протоколи и хардвер, како и фактот што iOS не дозволува функционалност преку Bluetooth врска – функционалност која е неопходна за часовник кој постојано пренесува информации од вашиот телефон.
Но со iOS 5, и додавањето на Bluetooth 4.0 хардвер на iPhone 4S и новиот iPad, тие ограничувања веќе не се пречка. Во минатото потрошувачите биле генерално апатични кон смарт часовници, дури и моделите подржани од Microsoft, Fossil, Swatch, па дури и Sony Ericsson – компании кои трошат многу пари во рекламирањето на овие направи.
Новата верзија на Мета Часовникот, која работи и со iOS и со Android, ќе им биде достапна на произведувачите месецов за 199 долари. Часовникот ќе има акцелерометар со три оски, LCD дисплеј со димензии 96×96 пиксели и сензор кој ќе ја регистрира светлината во околината.
Но бидејќи е потребна Bluetooth 4.0 конекција за работа со iOS, само iPhone 4S и новиот iPad ќе можат работат со часовникот. Повторен обид за создавање на смарт часовник кој ќе биде привлечен за сите е ризична работа, но авторите на Мета Часовникот знаат колку тешка задача имаат, и очигледно се внимателни и не сакаат да ги повторат истите грешки од минатото. [The iPhone gets the wearable remote display it deserves]